Мишевски добива шанса во Вардар

На ЕХФ Шампионатот во Скопје, во дресот на репрезентацијата на Македонија видовме дузина играчи кои во своите клубови не добиваат шанса, минутажа, не можат да напредуваат... 

Марко Мишевски е еден таков играч. Искрено малкумина го знаат, иако се работи за играч со одлични физички предизспозиции и претствува голем потенцијал, или како што имавме често можност да слушаме од таборот на нивниот најголем домашен ривал - дијамант што треба да се бруси. 

Игра во Вардар, но во вториот тим и по успешниот настап на ЕХФ Шампионатот, откако играчите сами си одработеа на својата промоција и тоа во националниот дрес, добива шанса во првиот тим. 

Гарсија Парондо го има во план Марко Мишевски за подготовките на екипата во Словенија и турнирот во Германија. Дали Мишевски ќе успее да се наметне како сериозна опција на надворешната линија ќе покаже времето. Во Вардар, освен Столе Стоилов, македонските играчи не минуваа добро. Сега, е Вардар поинаков со преполовен буџет, без една цела постава од ланскиот тим, па реално и се отвори можност и некој македонски играч да покаже дали може или не. 
Мишевски не е прекомандуван во првиот тим, тој и натаму е играч на Вардар Јуниор, но ќе биде заедно со голманот Даниел Ставровски кој ќе пополнува празнини настанати по заминувањето на Штербик и Милиќ и повредата на Ѓоргески. 

Потегот на Парондо е за поздравување, но дури и да го задржи Мишевски во тимот, тоа ќе биде „една ластовица“. 
Речиси сите македонски репрезентативци до 20 години, за помладите и да не зборуваме, се соочуваат со истиот проблем. Немаат минутажа во своите клубови, а тука го вклучуваме и најфалениот клуб во работа со млади категориии - Металург. Но, сега селекторот е тренер на Металург, па ќе може сам да си решава кој репрезентативец колку ќе му игра во клубот. 

Што се однесува до другите играчи, веќе се актуелизираат шпекулации за трансфери и заминувања, но ќе оставиме да добијат приказните и малку поконкретен облик. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk