Јуниорите се симнаа од сцената со славје и конфети, сега се на ред на истата таа сцена да се качат ракометарите од 2000 година и помлади. Тоа е нашата ракометна иднина на која и беше обезбедн пласман на ЕХФ Еуро 2020, а една година претходно РФМ ќе им организира и Светско првенство. Приказната, пак, им почнува во авгус т со настап на ЕХФ Шампионат.
Данило Брестовац за оваа акција повика 22 ракометари. Списокот нема да го коментираме и ќе ги оставиме да се докажат. Со настапот на ЕХФ Шампионатот, селекторот си одработе за комплетна доверба, иако џокерите од ЕХФ Шампионатот до 20, нема да му се бројат и за ЕХФ Шампионатот до 18 години.
Повикани ракометари за кадетска репрезентација:
Мартин Серафимов (Металург), Игор Ѓоргиев, Ален Ќосевски, (Вардар), Мартин Карапалески, Марко Кизиќ, Кристијан Анѓелкоски, (Вардар Јуниор), Виктор Василевски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Ненад Костески, Андреј Митиќ. Димитар Ристовски (Металург 2), Дејан Џигероски, Кристијан Симоноски, Симон Гучевски, Александар Стојков (КЛ7), Мартин Ивановски (Охрид), Теодор Тодески (Прилеп), Давид Даев (Тинекс Пролет), Бојан Солев (Борец), Бобан Каковски (Еурофарм)
Од ЕХФ Шампионатот ќе го препознаете Марко Кизиќ, голманот од 2001 годиште и Мартин Серафимов играч од кого очекува(в)ме многу, но не доби минутажа меѓу јуниорите. Со овој состав Брестовац има и проблем. Глигор Гајиќ се повредил и оперирал препони. Се сеќавате на него, веруваме, тоа е играчот што во 24 часа играше за Струга во Првата лига, за Металург 2 во Супер лигата и за првиот тим на Металург во Лигата на шампионите.
Македонија во Тбилиси ќе биде во група со Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и Луксембург.
Фарски Острови и Литванија во Грузија ќе ни се спротивстават со комплетно нови репрезентација. Ниту еден од кадетите на Ф. Острови или Литванија не беше ниту на поширокиот список на Марк Марчер Лаусен и Рајмондас Малџиус во Скопје.
Еден од најдобрите играчи на Естонија, Алфред Тимо, централниот бек е играч од 2000 генерација и ќе игра против Македонија во Тбилиси. Од Скопје ќе го имаат уште и второто лево крило, Матијас Ребан.
За Луксембург ние немаме, но Данило Брестовац сигуно има информации колку што му требаат и тоа не води до Швајцарија. И тие, иако на пошириокиот список на играчи имаат 5 кадети, во Скопје не доведоа ниту еден.
Вака составени тимовите, на хартија и даваат убава шанса на Македонија да стигне најмалку до полуфиналето. Најголемата опасност за нашиот тим не е во нашата група, туку е во вкрстувањето. Тоа е противникот од финалето - Белорусија.
Јуриј Шевцов и неговиот стручен штаб, веројатно намерно ја жртвуваа генерацијата 1998 свесни дека во Скопје им е последниот настап и дека нема да стигнат до СП. Затоа на списокот од 28 играчи дури 19 ракометари се од генерацијата 2000 и помлади.
И дел од тие играчи имаа голема минутажа на ЕХФ Шампионатот во Скопје. Единствените од генерацијата 1998 се голманот Мукасеј, левото крило Хмељков, бековите Руд и Аљохин...Сите други ќе ги видиме во Тбилиси и нема сомнеж кој ќе биде фаворит на овој турнир.