Без сензационализми во стручниот штаб на Металург

Металург го комплетираше стручниот штаб за наредната сезона. Без сензационалности, во клубот се враќа Оливе Димитриоски, а останува Петар Мисовски. 

За тие што подетално следат што се случува во Металург, најинтересно во секој случај е дали Ванчо Димовски ќе остане во клубот откако ќе му заврши одморот.  

Металург, денеска го објави следново соопштение:  


Новиот шеф на стручниот штаб на Ракометниот клуб Металург, Данило Брестовац, го комплетира тимот на своите соработници. Прв асистент ќе биде Оливер Димитриоски, а тренер на голманите Петар Мисовски. Со цел да се подигне кондициската подготвеност на играчите, се преговара со врвни светски кондициски тренери од кои ќе биде избран најсоодветниот.. Металург ќе ги стартува подготовките за новата сезона на 6 август, кога е планиран и првиот собир. Во следните три дена ќе се тренира во Скопје, а потоа екипата ќе замине во Маврово, каде традиционално ги минува висинските подготовки. Во Маврово Металург ќе тренира се до 18 август, а потоа ќе замине во Струга, каде ќе се сретне со екипата на Вардар, во рамките на македонскиот Суперкуп. Овој натпревар е вметнат во програмата на струшкиот меѓународен турнир, а е планиран со почеток во 21 часот. По средбата со Вардар, Металург ќе се врати во Скопје и ќе ги продолжи подготовките во Автокоманда. Во овој период се предвидени и неколку пријателски натпревари. Првиот официјален натпревар е средбата со екипата на Вардар во рамките на првото коло од новата сезона во СЕХА-лигата, која стартува на 28/29 август.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk