​Нема да го браниме шестото место од Алжир

Македонската јуниорска репрезентација вчера го освои ЕХФ Шампионатот и избори пласман во повисок ранг, но настапот на ЕХФ Шампинатот во Скопје ќе биде првиот и последниот танц на оваа генерација како целина. 

Македонија нема да биде дел од Светското јуниорско првенство што следната година ќе се игра во Шпанија за возраст до 21 година. Воведени се промени на повеќе нивоа, а тие не носат до моментот да го пропуштиме мундијалот без воопшто да играме квалификации.

Годинава прв пат се играат јуниорски шампионати. Македонија беше домаќин на еден таков, Црна Гора на друг, а во Словенија се играше шампионатот во „А Дивизија“ или ЕХФ Еуро.
Веќе нема квалификации за СП. Десет репрезентации од ЕХФ Еуро обезбедуваат пласман на СП. Тоа се репрезентациите на Франција, Словенија, Португалија, Германија, Хрватска, Србија, Исланд, Шведска, Норвешка и Унгарија.

Единаесеттиот и последен патник од Европа е Шпанија, домаќинот на мундијалот.

На СП во Алжир минатото лето Европа имаше 12 претставника, но ИХФ воведе промени и врз база на пласманот на Тунис на претходниот шампионат (7 место) Европа на следниот мундијал ќе има 11 места, вклучувајќи го тука и домаќинот. 

Светско првенство следната година, сепак, ќе видиме и тоа среде Скопје. Македонија е домаќин на Светско првенство за играчи до 19 години. Тоа ќе биде генерацијата на Мартин Серафимов и Марко Кизиќ која на крајот на август оди на ЕХФ Шампионат во Грузија, а во 2020 ќе игра на ЕХФ Еуро обезбедено од нивните сегашни колеги. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk