(ФОТО) Злато и „А“ Дивизија за Јуниорите!

Македонија е победник на ЕХФ Шампионатот. Во финалето ја совлада Белорусија и обзбеди пласман на ЕХФ Еуро во 2020 за генерацијата што доаѓа по нив. 

Во финалето на ЕХФ Шампионатот, во битката за златен медал и пласман на ЕХФ Еуро за следната генерација ги видовме Македонија и Белорусија. Голманот Матеј Петковски имаше добро отворање, три интервенции за пет минути, но Македонија имаше само 2-1 за тој период. Танкоски со вториот гол донесе мала комоција и водство од 3-1, а Шилегов од пенал за 4-2.

Танкоски со третиот гол донесе плус три (6-3), а Јагуриноски погоди за 7-3. Играта преку пивот добро ни функционираше, а Арсеновски со четвртиот погодок ја доведе Македонија во водство од 9-5, по што Олег Шарејка побара тајм аут.
Македонија ја контролираше играта и имаше 11-8 и напад кога Брестовац побара минута за консултација со играчите.

До крајот на полувремето Македонија ја зголеми разликата и по 30 минути имаше убедливи 15-10.
Три одбрани на македонскиот голман на почетокот на вториот дел ги спречи Белорусите да се вратат во игра. Тоа им даде крилја на макеодонските ракометари и потоа комплетно доминираа на теренот, носејќи ја репрезентацијата кон сигурна победа и пласман во А Дивизијата за своите помлади колеги.

Конечниот резултат е 29:22 за Македонија

Галерија

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk