Словенија е европски јуниорски првак

Дека Словенија има квалитетна ракометна школа и вистински пристап во работата со младите категории знаевме одамна. 
Денеска таа работа се претвори во златен медал од Европско јуниорско првенство до 20 години. Домен Макуц, Грег Оцвирк, Марк Ферјан... се новите ѕвезди(чки) на словенечкиот ракомет. Во финалето на ЕП, Словенците ги победија моќните Французи 31:30 и ја сменија ракометната хиерархија во младинските категории. 

Третото место и бронзените медали се за Германците. Тие ја совладаа селекцијата на Португалија, по Словенија, најпријатното изненадување на турнирот. 
Германците славеа со 29:26. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk