Велјаноски на клупата на Прилеп

Прилеп е една од екипите што со многу проблеми ја истурка минатата сезона и со многу прашалници ја пречекува претстојната.

Екипата се пријави за настап во Супер лигата, а позитивни вибрации доаѓаат од Прилеп. Клубот се екипира и би требало да почне со подготовки во првата недела во август. 

Засега единственото што со сигурност можеме да го кажеме е тоа дека подготовките ќе ги почне со познато име на тренерската позиција.

Пеце Велјаноски ќе биде наскоро официјално промовиран за тренер на Прилеп. Тој е добро познат ракометен работник, поранешен ракометар има и тренерско искуство, бил тренер и на женскиот тим од Прилеп и сега одново ќе се обиде од клупата да му помогне на машкиот колектив. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk