Белорусите на тренинг пред финалето

Македонија вечерва од 20:00 часот ќе го одигра последниот натпревар на ЕХФ Шампионатот. Момците што сега играат во генерација до 20 години ќе се обидат на своите наследници да им остават место на ЕХФ Еуро 2020, европската елита од 16 репрезентации. 

Македонија во финалето на ЕХФ Шампионатот ќе игра против селекцијата на Белорусија, најопасниот противник на ова првенство досега. 

Белорусите исто како и сите репрезентации досега имаа и добри и лоши натпревари, но останува впечатокот дека покажаа најмногу од сите досега. Нивните победи беа без драми дури и кога не играа на највисоко ниво. Поразот од Фарски Острови, не знаеме ни дали воопшто да им го броиме, затоа што беше на натпревар што за нив немаше значење откако веќе го обезбедија полуфиналето како најдобропласирана репрезентација од групата „А“. 

Тие денеска се појавија на тренинг во „Борис Трајковски“. Во моментов тренираат во малата сала во скопската арена што не е чудо невидено, но не е ниту некоја вообичаена пракса, посебно на ден кога се игра финале. 



Јуриј Шевцов селекторот на сениорскиот тим на Белорусија е во Скопје од првиот ден, заедно со Олег Шарејка, селекторот на јуниорскиот тим

Белорусија на овој шампион е единствената што во стручниот штаб го има и селекторот на сениорската репрезентација. Јуриј Шевцов е од првиот ден во Скопје и вообичаено натпреварите ги следи од трибините. Не избегнуваат разговор, но нема да извлечете ништо посебно од нив во пресрет на натпреварот со Македонија. 

„Немаме посебна желба, ќе мораме да играме со подобриот. Ако биде тоа Македонија, тогаш, тоа е тоа -  ќе се подготвуваме за вас“, изјави Шевцов во пресрет на финалето меѓу Македонија и Фарски Острови. 


Белорусија на овој турнир игра длабока 3-2-1 зона што беше голем проблем за сите репрезентации досега. Единствено Фарски Острови успеа да ја разбие со нивната „7 на 6“, но уште еднаш ќе потсетиме дека таа средба за Белорусија беше само трошење на сила. 

Имаат одличен голман, тоа е Кирил Мукасеј, голманот со број 1. Нивни најдобар стрелец е Николај Аљохин, играчот што игра на позиција десно крило, но игра и како десен бек. Не лево крило го имаат црномурестиот Димитри Хмељков. 
Белорусите во овој состав имаат тројца важни играчи што се од генерација 2000/01. Тоа се Будејка, Чизик и Климовец. Одлично се селектирани и по физички карактеристики и по технички способности. 

На Македонија денеска нема да и биде лесно, но на овој турнир ниту една репрезентација не одигра на исто ниво. Да се надеваме дека денеска е денот кога Белорусите ќе бидат во надолна, а Македонците во нагорна линија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk