(Галерија) Македонија е во финале!

Македонија е во финалето на ЕХФ Шампионатот откако вечерва по голема борба и подобро изведување на пенали ги совлада Фарските Острови 4:2 (27:25, 13:12).

Откако Белорусија обезбеди финале, остана на Македонија и Фарските Острови да се пресметаат за вторто место во финалната битка за пласман на ЕХФ Еуро.

Фарски Острови од старт тргна со седум на шест. Македонија постигна три од првите четири гола на празна мрежа, но по 10 минути беше 4:4 на семафорот.  По 10 минути игра беше 5:5, а Марк Лаусен го врати во игра голманот.
И Брестовац се обиде без голман, но поради исклучен играч и тоа веднаш беше казнето со гол на празна мрежа за водство на Фарски Острови од 7:5. Веднаш вративме на 7:7 (13 мин).

Mакедонија водството го презема во 20 минута (11:10), но имавме големи проблеми со голманот Тригвасон. Тој ги одржуваше во игра островјаните во овој период од играта и беше најзаслуѓен што кога Брестовац побара тајм аут на пет минути до крајот на полувремето, на семафорот беше 11:11.

Потоа одново се обиде Лаусен со седум на шест и Македонија тоа го казни со гол за 13:11. Претходно Шилегов ја доведе Македонија во водство. На полувреме се замина со резултат 13:12 за Македонија.

Македонија имаше плус три во 44 минута (19:16), а голема заслуга за тоа имаше голманот Кизиќ кој успеа да скроти неколку удари, со голема помош од одбраната. Мице Шилегов зголеми на 21:16 во 49 минута и Македонија со една нога беше во финалето. Но, Ф. Острови се вратија во игра со 4 гола по ред и намалија на 20-21. 
Шилегов од пенал го прекина падот на македонскиот тим, погоди за 22-20, но Фарски веднаш вратија и згора на тоа изнудија исклучување. 

Македонија имаше посед на топка и водство од еден гол (23:22) на 40 секунди до крајот. Но ударите на Мишевски и потоа по одбиената топка на Шилегов не сакаа во мрежата на Ф. Острови. Нив им останаа 13 секунди и успеаја да постигнат гол и мечот да отиде во пенал рулет. 

Пенали:
1:0 - Закаријасен
1:1 - Шилегов
1:1 - Олсен (Кизиќ одбрани)
1:2 - Димитриоски
2:2 - Поулсен
2:3 - Шилегов
2:3 - Мортенсен (промаши гол)
2:4 - Петровски

 

Галерија

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk