Македонци ќе судат за бронза во Словенија

Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ја делат правдата на натпреварот за бронзен медал на ЕХФ Еуро на кој силите ќе ги одмеруваат репрезентациите на Португалија и Германија. 

Правдата на финалето ќе ја дели судиска двојка од СЕХА, Амир и Дино Коњичанин од БиХ. 

Тодоровски и Митревски се еден од најдобрите судиски парови од Македонија, а постојаното докажување на европските терени им го донесе местото на ЕХФ Еуро, додека довербата да судат средба за медал е потврда за нивниот квалитет вон границите на Македонија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk