РЕВОЛТ ВО РОМАНИЈА: Ослободен убиецот на Козма

Во 2009 година, ракометниот свет силно го потресе веста дека во тепачка во бар во Унгарија, смртно настрадал романскиот пивот Маријан Козма, а дека Иван Пешиќ се бори за живот. Двајцата беа прободени со нож во бар  по расправија со група Роми кои го малтретирале персоналот. Иван Пешиќ остана жив, но без еден бубрег, за Козма немаше назад. 

Процесот се водеше во Унгарија, а за целиот случај беа обвинети и осудени тројца. Двајца доживотно, една казна беше од 20 години. По жалбата, доживотните казни беа намалени на 20 години, а третиот обвинет доби казна од 8 години. Во 2012 неговата казна беше зголемена на 13 години, за конечно да биде заокружена на 9 години. 

Пет години по изрекувањето на 13 годишната казна, поради добро однесување, третообвинетиот е ослободен. Целиот процес, за ваквата пресуда, како што пишуваат романските медиуми бил воден тајно.

Но, откако се нашол на слобода, обвинетиот веднаш си организирал забава и си купил луксузен автомобил БМВ кабриолет и веднаш се најде на насловните страници. 
Романците се револтирани, бесни, таткото на Маријан Козма најавува жалби, тужби, обвинува за мито... 

Дали новата медиумска бука нешто ќе промени, ќе покаже времето. 

Извор и фото: prosport.ro
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk