ЕХФ ЕУРО: Русија испадна од Прва лига

Јуниорската репрезентација на Русија (до 20 години) е првата репрезентација што го загуби статусот член на ЕХФ ЕУРО и следното натпреварување ќе го игра во Б Дивизија, односно ЕХФ Шампионат. 

Русите денеска во битката за избегнување на 15-16 место беше поразена од селекцијата на Израел (19:26) и ќе игра за 15 место против поразениот од дуелот Романија - Полска. Поразениот од овој дуел, патем, ќе стане вториот тим што се сели во понизок ранг. 

Новите членови на ЕХФ ЕУРО, ќе бидат познати во недела откако ќе се одиграат финалните средби на ЕХФ Шампионатите што се одржуваат во Македонија и Црна Гора. 

Португалија е чудото на првенството, но Израел е пријатното изненадување. Конечно, почна да им се исплати дел од вложеното во млади категории (имаа испратено тим на калење во Германија). Тие на овој турнир загубија единствено од Шведска, Србија и Словенија. Но, покрај Русија ги совладаа Романија и Норвешка. Норвежаните, на пример, избија пред нив на табелата благодарение на подобра гол разлика, откако ја совладаа Шведска. 

Обновено: Репрезентацијата на Полска е вториот патник во понизок ранг. Тие предмалку, по продолженија беа поразени од репрезентацијата на Романија (31:32). 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk