Имаме (нај)добра школа за судење

Европските првенства или шампионати каков што е случајот со натпреварувањето што веќе една недела се одржува во Скопје, не се само сцена на која се промовираат играчи и тренери. Ваквите турнири се идеални и за калење на судии, нивни први чекор кон меѓународната сцена. 

Македонија од памтивек имала врвни судии, навистина долг список и многу приказни и историја би имало ако почнеме да се враќаме малку назад во времето. 
Денеска ги имаме помалку на број, но со квалитет и натаму имаме арбитри за самиот европски врв. 
Утре... 
Ако судиме според ЕХФ Шампионатот ќе имаме и натаму квалитетни судии. 



Исмаил Металари

Ненад Николовски и Исмаил Металари се македонскиот судиски пар за ЕХФ Шампионатот. Тие го судат својот трет шампионат и засега, без намера претерано да ги фалиме се најдобрата судиска двојка меѓу петте парови. Со мали исклучоци, досега немаше премногу реакции на судењето, но косовскиот судиски пар, па и холандските судии не натераа по натпревар да коментираме и зборуваме за судење. 



Ненад Николовски

Имаме и натаму најдобра судиска школа, во тоа можеме да се увериме на овој Шампионат, иако мораме да подвлечеме дека ситуацијата во судиската организација не е сјајна. 
Се помал број на судии има на списокот во судиската организација. Стана збор за овој проблем и на Управен Одбор, добиен е налог да се работи на оваа проблематика. Процесот ќе биде долг и мачен, но рековме, имаме најдобра школа на овие простори. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk