Милиќ си замина од Вардар

Само што го пополнија местото на Арпад Штербик, црвено-црните ќе мораат одново да бараат голман. Ден по почетокот на подготовките од тимот си замина Страхиња Милиќ, српскиот интернационалец. 

Милиќ во текот на летото не успеал да ја намали килажата. Одговорот на Вардар на тоа бил нов, смален договор што Милиќ не го прифатил и Вардар сега ќе мора да бара нов голман. 

Дејан Милосављев сега добива шанса да биде првиот чувар на мрежата на Вардар, Даниел Ѓоргески е македонското решение за голот, но тој е рековалесцент и заздравува по повредата на коленото.  

Заминувањето на Милиќ е удар за Вардар. Самото заминување на Штербик само по себе е белја што не се надополнува, но со Милиќ целата приказна добива поинаква димензија.
Тој веќе беше добро снајден во клубот и претставуваше сигурност за наредната сезона, со оглед на тоа дека Милиќ е вардаров голман од 2012 година. Сега Вардар е на сосема нов почеток . 

Денеска и Вардар ја потврди имформацијата дека се разделил со голманот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk