Ништо од медал, девојките загубија од Словенија

СЛОВЕНИЈА - МАКЕДОНИЈА 30:29 (18:16)

Женската репрезетнација на Македонија не успеа да се врати со медал од Медитеранските Игри што се одржуваат во Тарагона. 

Македонија беше блиску, имаше огромна шанса да заврши како трета на игрите, но на крајот се радуваше Словенија. 

Првиот дел заврши со предност на Словенија од два гола (18:16), но со серија од 4:0 на почетокот на вториот дел Македонија поведе со 20:18. Имавме водство и од 23:20 и два играча повеќе во поле, но не ја искористивме таа шанса. 
Место да отидеме во решавачки плус, Словенија постигна два гола, потоа и израмни. Македонија одново водеше 24:23, Словенките израмнија и така сдо 27:27. По ова следеше серија од 3:0 на противникот и водство од 30:27. 
Македонија намали на 29:30, но последниот напад беше за Словенија и тие успеаја да се одбранат. 

Штета за македонската репрезентација, заслужија да се вратат со медал на градите, но ако ништо друго ќе се вратат со научена лекција. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk