ИХФ ги нашминка правилата

Од 1 јули годинава, ИХФ воведува мали, козметички измени на правилата за да се избегнат различни интерпретации и да се појаснат акциите на теренот. Ќе се обидеме да објасниме за какво шминкање на правилата станува збор. 

Се сеќавате можеби на натпреварот меѓу Словенија и Германија на Европското првенство, фамозната видео-анализа под црниот чаршав и реакциите на Словенците. 

Сега веќе нема да биде нејасно. 
  • Секој обид да се спречи изведување на почетнот удар во последните 30 секунди на кој било дел од теренот, доколку играчот што се обидува да блокира е поблиску од 3 метри од изведувачот ќе значи дисквалификација и пенал за противникот. Ако играчот е поблиску од 3 метри, но е пасивен и не прави опструкција, тогаш нема да има казна.
  • При пасивна игра, доколку изведувачот шутира на гол, а топката се одбие до него или соиграч ќе се смета за додавање. 
  • Фаул на голман вон голманскиот простор и натаму значи дицквалификација, но тоа веќе нема да биде случај кога голманот трча во ист правец со напаѓачот, односно кога се работи за враќање на голман кој се менува со играч било при седум на шест или исклучен играч. 
  • Чиста ситуација за постигнување гол кога противничкиот гол е празен ќе се смета само кога играчот шутира кон голот. И за опструкција на таков шут ќе се доделува задолжителен седмерец.  Доколку играчот е во контра, додава кон соиграч или трча кон противнчкиот гол, но не во шут, пенал нема да се досудува. 
  • Ако играч влезе на терен со број што е поинаков отколку тој што е во записникот, тимот нема да ја загуби топката. Ќе мора да се корегира грешката, но екипата останува во посед. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk