Дејан Манасков е најдобриот играч на Веспрем за минатата сезона според мислењето на фановите на клубот. Од сезоната 2009/10 Веспрем организира ваков избор, а денеска во клупската историја се запиша и македонскиот интернационалец.
Манасков ја одигра својата прва сезона во редовите на унгарскиот клуб, постигна 118 гола на 35 натпревари, а Веспрем се пофали дека добил огромен број на гласови во изборот.
Уште во текот на сезоната Веспрем виде каков играч си обезбедил, па иако за следната сезона вее му беа испланирани и Мае и Штрлек, веднаш му понуди нов договор на македонскиот репрезентативец.
Досегашни победници во изборот на најдобар играч
- 2009/10: Iváncsik Gergő
- 2010/11: Dejan Peric
- 2011/12: Császár Gábor
- 2012/13: Nagy László
- 2013/14: Momir Ilic
- 2014/15: Momir Ilic
- 2015/16: Aron Palmarsson
- 2016/17: Lékai Máté