Без Георгиевска по бронза

Женската репрезентација на Македонија на Медитернаските Игри, на натпреварот за бронзен медал, против Словенија ќе настапи без својот најдобар стрелец на овој турнир - Елена Георгиевска. 

На натпреварот со Шпанија, Георгиевска заработила повреда поради која ќе мора да го пропушти последниот натпревар. Се работи за повреда на рамото, здобена кога противничка ракометарка паднала врз неа. Зза среќа повредата не е сериозна, се работи за истекгната тетива и таа за брзо време со помош на терапии одново ќе биде на терен. 
Но, неколку дена мора да мирува, а тоа значи дека против Словенија ќе играме без неа. 

Ваквиот расплет, јасно, ја комплицира битката за медал, но иако ги намалува нашите шанси, сепак, во Тарагона имаме тим што може да се носи и да ја победи Словенија. 

Натпреварот се игра денеска со почеток од 17:30 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk