МИ: Против Словенија за бронза

ШПАНИЈА - МАКЕДОНИЈА   28:24 (17:12)

Македонија е поразена во полуфиналето на Медитеранските Игри и ќе игра за бронзен медал против селекцијата на Словенија. 

Македонија во полуфиналето се сретна со домаќинот на игрите, Шпанија. Нивните машки колеги утрово беа поразени во полуфиналето од Хрватска, па „херерас“ останаа сами да ја бранат честа на домашните на игрите. 

Шпанија беше подобриот противник во поголемиот дел од првото полувреме. По двесетина минути игра водеа со 14:10, но Македонија собра сили и се доближи на 12:14. Потоа следеше клучниот период, три гола по ред за Шпанија и полувреме ос 17:12. 

Во вториот дел се играше гол за гол, а разликата остана до крајот на натпреварот. 

Шпанија во финалето ќе игра со Црна Гора, а Македонија рековме за бронзен медал ќе се бори со репрезентацијата на Словенија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk