Уште еден татин син на големата сцена

Се уште се паметат игрите на ракометарите што ги одбелеѓаат деведесеттите и првата декада од новиот век, а на сцена стапуваат и нивните синови. И тоа брзо излегуваат од нивната сенка и градат завидни кариери. 

Двајца од нив веќе имаат и круна од ЛШ и тоа со голема заслуга за тимот. Тоа се Алекс Душебаев и Мелвин Ричардсон, синовите на Талант Душебаев и Џексон Ричардсон. Момир Рниќ има сребро од ЕП, полни 30 години од кои 10 е интернационалец, осма сезона во Бундес лига... 

На сцената се јавува и вториот син на Талант Душебаев, Даниел. И тој полека влегува во редот на препознатливите, а следната сезона ќе видиме и уште еден наследник. 

Хенрик Олсон, синот на еден од најславните шведски ракометари Штафан Олсон, потпиша договор со францускиот Трембле. Хенрик не е леворак како неговиот татко, игра на позиција централен и лев бек, а годинава ќе имаме шанса да видиме од каков материјал е направен. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk