Брестовац остана без Европа

Селекторот на македонските младински репрезентации, Данило Брестовац, останува без Европа на клупски план следната сезона. 
Иако заврши на третото место со неговиот Ред Бојс и обезбеди пласман во Челинџ Куп, клубот реши да не се натпреварува во Европа. 

Информацијата ја објавија денеска, а деталите зошто не, клубот ќе ги образложи на нивното годишно собрание закажано за 10 јули. 

Ред Бојс три години по ред пријавуваше учество во Челинџ. Минатата сезона под водство на Данило Брестовац стигнаа до 1/8 финалето каде беа елиминирани од Динамо Виктор. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk