Сабате во Висла, Каденас во Брест

Тренерскиот рингишпил полека фаќа забрзување. Неколку клуба се уште не расчистиле со тоа кој ќе им биде кормиларот следната сезона, а меѓу нив има и клубови од Лигата на шампионите, како Висла, Мешков Брест, ППД Загреб, Металург...

Полскиот медиум, конкретно Спортове Факти (Sportowe Fakty)  денеска објавија дека Веселин Вујовиќ веќе не е прв фаворит за клупата на полскиот вице-првак Висла Плоцк. 
Вујовиќ беше пред договор со Полјаците, но побара малку време. 

Полјаците затоа решија да се свртат на другата страна и почнале преговори со Хавиер Сабате. Асистенотот на Ортега во Веспрем што подоцна стана прв трене на Веспрем и селектор на Унгарија. И оттогаш е без ангажман откако не се договори со Египет. 

Хавиер Сабате беше конкурент и за местото тренер во Мешков Брест, но таму ќе се вгнезди друг Шпанец. Селекторот на Аргентина - Маноло Каденас е 99% нов тренер на Мешков Брест. Се чека само официјалната потврда од Белорусија. 

Што се однесува до Вујовиќ Вујовиќ, тој е актуелен во повеќе шпекулации, не ја исклучуваме Висла за која веќе не веруваме дека ќе биде неговата следна дестинација. Наголемо се споменуваат имиња на клубови, но ќе  си стоиме на зборот и ќе ја испочитуваме неговата желба да не објавуваме шпекулации во врска со трансфер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk