Медитеранките против Шпанија за медал

МАКЕДОНИЈА - ЕГИПЕТ  26:21 (15:8)
Македонија: Петковска, Гакидова, Д. Георгиевска 2, Боризовска 2, Тасевска 1, Нолевска 2, Е. Георгиевска 4, Мар. Николиќ 3, Серафимова, Керамичиева, Мицевска, Јовановска 4, Саздовска 4, Мил. Николиќ,  Гичевска 2, Ристовска 2

Медитеранската репрзентација на Македонија во женска конкуренција, има има два меча за медал на игрите во Тарагона. 
Откако денеска на „ревијалниот“ натпревар со Египет беше ставен печат на второто место во групата, Македонија и формално влезе во полуфиналето. 

Противникот во првата битка за медал е најсилниот на турнирот. Домашната репрезентација, Шпанија. 

Селекторот Карлос Вивер на овој турнир има силен состав. Не се сите најдобри, ги нема во тимот Нереа Пења, Кабрал Барбоска, Миреја Гонзалез..., но другиот дел од тимот, дури осум ракометарки беа во составот на најдобрата шпанска репрезентација во квалификациите за ЕП Франција. 

Веројатно најголемиот дел од овие ракометарки ќе бидат во тимот и по шет месеци кога ќе почнат натпреварите од ЕП. 

Ако Македонија успее да го совлада овој тим на Шпанија, ќе игра за златен медал со победникот од натпреварот Црна Гора - Словенија. Ако загуби ќе игра за бронзен медал со поразениот од споменатиот двобој. 


 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk