Металург нема да игра во Струга

Струшкиот турнир годинава ќе биде без скопски екипи. Металург реши ова лето во рамките на своите летни подготовки да не го смести гостувањето во Струга, па така единствените македонски претставници ќе бидат Струга и Еурофарм Работник. 

Имајќи предвид дека Наумче Мојсовски и Металург се во судски спор, оваа одлука за многумина и не би требало да биде изненадување, но отпосле е лесно да се коментира. Официјално, тоа не е причината поради која Металург нема да биде на турнирот туку поинаквите планови за подготовки на Металург.  

Кога веќе споменавме дека Металург има план за летни подготовки, треба да кажеме дека тој план го подготви Александар Јовиќ
Верувале или не, Лино Червар, овој пат навистина би можел да си замине од Металург и да го преземе ППД Загреб, иако одвреме навреме слушаме дека повторно се враќа.
Последното е дека во октомври би требало да пристигне во „Автокоманда“. Но, таа информација веќе толку пати е удрена од спунт што веќе не се сеќаваме ни од каде почна. 

Ниту Струга не е доведена во небрано. Констанца, Алингсас, Бешикташ, Тулуз, Целје Пивоварна Лашко, Еурофарм и Струга засега фигурираат како учесници на турнирот, а отпорано имаше заинтересираност и од други екипи.   


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk