Медитеранките одат во полуфинале

ЦРНА ГОРА - МАКЕДОНИЈА  28:23 (15:15)

Македонската женска репрезентација ќе игра во полуфиналето на Медитеранските Игри. Македонскиот тим денеска загуби од Црна Гора (23:28) откако одигра послабо второ полувреме во кое последните минути од натпреварот имаше дополнителен пад во играта по што ги загуби шансите за резултатски приклучок. По првиот дел беше нерешено. 

Сара Ристовска со 7 гола и Елена Георгиевска со 5 погодоци беа најефикасните во нашиот состав, по три гола дадое Душива Георгиевска, Гакидова и Саздовска, а по еден Боризовска и Јовановска. Кај Црногорките Премовиќ со 7 и Јауковиќ со 6 беа најефикасни. 

За пласман на Македонија во поуфиналето одработе Египет кој загуби од Турција. Во пресрет на последното коло, Црна Гора има 12 бода, Македонија има 6, а по три имаат Србија и Турција. Тие ќе играат меѓусебе. Македонија ќе игра со фенерџијата Египет. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk