Пелистер доведе уште еден Црногорец

По Милан Поповиќ, играч од позицијата лево крило, Пелистер денеска потпиша до Огњен Лековиќ, млад црногорски ракометар што игра на позиција десно крило и десен бек. 

Лековиќ (190 см) во Пелистер доаѓа од екипата на Партизан Тиват, а претходно има играно и за белградски Партизан и за родната Плевља. 

Сега Пелистер веќе ги има покриено „дупките“ во ростерот што настанаа по поголемиот играчки ремонт на крајот на сезоната. Не е завршен за нив трансфер периодот, ќе има уште нови имиња, но полека доаѓаат до посакуваната бројка на ракометари и пополнетост на позициите. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk