Германците среќни: Доаѓаат Македонците

Првите импресии од ждрепката за СП полека стивнуваат, а селекторите веќе ги пополнуваат своите нотеси со забелешки за противниците со кои ќе си имаат работа на мундијалот. 

За Бундес федерацијата, пак, целите се поинакви,

„Наша цел е салите да бидат полни. Сигурни сме дека во Минхен каде што се Македонците и Хрватите салата ќе биде полна“, изјави Макс Шобер, претседавач во Германската федерација. 

 

„Пола кров во Минхен ќе лета“, изјави Доминик Клајн, екс ракометарот на Нант, сега во улога на амбасадор на Минхен за време на СП. 


Иако Македонија не е пласирана во втората рунда, задоволни се и во Келн, каде што очекуваат да се појави „фаланга“ во вториот круг. 



Во Минхен ќе биде и најефтино да се следи СП. Најефтиниот дневен билет чини 29 евра. Во Берлин цената најаефтиниот дневен билет е 35, а во салите во Данска е речиси двојно поскапо, најефтиниот дневен билет е околу 50 евра. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk