Пелистер се засили со Кобетиќ


Еден од поквалитетните странци што играа во македонсокото првенство минатата година, Хрватот Марко Кобетиќ заминува од Охрид и неговата следна дестинација ќе биде Битола, конкретно Пелистер.

Марко Кобетиќ минатата сезона на натпреварите на дуелите од ЕХФ Куп со холандскиот тим Волендам заработи повреда поради која паузираше повеќе од два месеца. Се врати навреме за да помогне во битката за плеј оф, но Охрид, пак, во меѓувреме почна да прави играчки реформи...

Пелистер веќе извесно време се обидуваше да го доведе хрватскиот разигрувач во своите редови. Откако играчките реформи во Охрид продолжија, конечно, на Пелистер им се отвори можноста и веднаш го ангажираа.

Пелистер на постечкиот состав им ги доададе Милан Поповиќ, Харис Плех и Мошен Карамиан како странски засилувања за следната сезона, засега. Кобетиќ е четвртиот нов странец, а тука нема да се застане, затоа што ако никој друг тогаш Ахмед Раду, египетскиот бек одамна се очекува во Битола.

Од домашните играчи, доведен е Борјан Маџовски, а остануваат Митревски и Димитровски , а останува и Чантурија.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk