Сташ Скубе си замина од Сегед

Изненадувачкото враќање на Дејан Бонбач во ПИК Сегед, не можеше да мине без жртва. Со оглед на тоа дека во Пик дојде и Кањељас, таму беа Скубе и Житњиков и одеднаш тимот има(ше) четири централни бекови.
Очекувавме Димитри Житњиков да биде ракометарот што ќе ја напушти Унгарија. Уште повеќе дека ќе се пресели во Скопје. 

Но, иако таа варијанта се уште постои, жртва на трансферот на Бомбач стана неговиот сонародник Сташ Скубе. Иако во мај Пик Сегед објави дка го продолжил договорот со Скуба за уште две години со можност да станат три, денеска објавија дека двете страни се договориле да го раскинат договорот. 

Немаме точна информација за тоа каде продолжува Скубе, но наскоро ќе дознаеме како овој потег влијае врз евентуалното доаѓање на Житњиков во Вардар. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk