Дамите останаа осми на ЕХФ ранкингот

Благодарение на настапите на Вардар во Лигата на шампионите и петте последоватлени Ф4 турнири, Македонија има солидна залиха на бодови во женската клупска конкуренција. 
Бевме на осмото место минатата година, на осмото место сме и летово, кога се пресметува коефициентот за сезоната 2019-20. 

Македонија ќе има право да пријави една екипа во ЛШ, една во ЕХФ Куп и две во Челинџ Куп. 

Со оглед на тоа што му се случи на Вардар, во иднина рејтингот на Македонија ќе паѓа, но сепак, ќе има уште најмалку две-три сезони од залихата за да бидеме во истиот круг. 


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk