Македонија седма на клупскиот ранкинг

Македонија остана на највисокото досега, седмо место во клупскиот ранкиг на ЕХФ што е главниот критериум за доделување на места во Европските Купови. 
И покрај најавите за промената на системот на натпревари во Лигата на шампионите, додека тоа не биде официјализирано, останува актуелниот ранкинг, а според него, Македонија и следната сезона (2019-20) ќе има три екипи во ЕХФ Куп и една во Лигата на шампионите. 

И за претстојната сезона важи истиот ранкинг, (Македонија беше на седмо место и минатата сезона), но Металург побара и доби место во Лигата на шампионите, па така Еурофарм Работник и Тинекс Пролет на ждрепката што ќе се одржи на 29 јуни ќе бидат во ЕХФ Куп, додека Металург и Вардар се веќе сместени во групите од Лигата на шампионите. 

На вкупната ранкг листа има нов лидер. Сега Франција е најдобрата европска нација, за прв пат во својата историја. Французите им го земаа тронот на Германците.
Втор пат во историјата, пак, Шпанија не е меѓу првите две. Во 2017/18 испаднаа, сега одново од второто паѓаат на третото место. 

Најголем пад на рејтингот има кај Србија и Чешка (од 19 на 26, односно 21 на 26 место) и тие се блиску да го загубат правото да пријавуваат екипи во ЛШ. 

Комплетниот список на следниов ЛИНК

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk