Победа за крај на медитеранската авантура

Машката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Медитеранските Игри со победа над Србија. Победа што не беше доволна за да се поништат двата пораза на воведните натпревари. Со три освоени бода колку што имаше и Египет, Македонија остана на последното место на табелата.

Македонија ја совлада Србија со 31:29 (16:15) на својот последен настап. Нашиот тим имаше контрола врза резултатот во голем дел од натпреварот. Водеше 13:7, 15:7, по што следеше агоничен период во кој Србија стигна до 12:15 и 15:16 на полувреме. 

Потоа во вториот дел со серија од 5:1, Македонија дојде со 21:15 и чинеше дека, конечно, ќе го реши мечот, но не беше така. Повторно слаб период, во кој Србија стигна до 24:26, 25:27, на седум минути до крајот и сите карти одново беа отворени. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk