Втора победа, падна Србија

МАКЕДОНИЈА - СРБИЈА   28:21 (16:13)

Женската медитеранска репрезентација ја запиша втората победа на игрите. По Турција, пред македонските ракометарки оружјето го положија ракометарките на Србија. 

Македонија имаше контрола врз натпреварот, овеше со 3 гола на полувреме, а конечниот резултат е 28:21. По шест гола во нашиот тим постигнаа Саздовска, Ристовска, Елена Георгиевска и Гакидова. По два постигнаа Креамичиева и Душица Георгиевска. 

Со оваа победа, во пракса Македонија обезбеди пласман во разигуравњето. Треба да одиграме уште два натпревара, со Црна Гора и со Египет, а потоа ќе видиме како ќе изгледа вкрстувањето. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk