Де беше подобро - нема да чинеше

Македонија денеска ги доби противниците во прелиминиранта рунда за претстојното Светско првенство што во јануари ќе се игра во Германија и Данска. 

Македонија има идеална група, подобра тешко дека можеше да има. Играме во Минхен што е повеќе од добро затоа што се избегнува скапата Данска и ќе има многу повеќе македонски фанови. 
Во групата ни се Исланд, Бахреин и Јапонија, три репрезентации што ќе мораме да ги победиме за да се пласираме во следната фаза, а шлагот на торатат е новата пресметка меѓу Раул Гонзалез и Лино Червар, но овој пат со репрезентациите на Македонија и Хрватска. 

Ако ја исполниме првата цел, вкрстуваме со Русија, Србија, Бразил... и тоа е нашата шанса за пласман во Олимписките квалификации,

БЕРЛИН - ГРУПА „А“
Франција
Германија
Русија
Србија
Бразил
Кореја


МИНХЕН - ГРУПА „Б“
Шпанија
Хрватска
Македонија
Исланд
Бахраин
Јапонија

ХЕРНИНГ - ГРУПА „Ц“
Данска
Норвешка
Австрија
Тунис
С. Арабија
Чиле

КОПЕНХАГЕН - ГРУПА „Д“
Шведска
Унгарија
Катар
Аргентина
Египет
Ангола

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk