Пелистер се засили со Иранец

Пелистер се засили со Иранец
Се очекуваше, најавуваше доаѓањето на иранско засилување во Пелистер долго време. Денеска е официјализирано. Мошен Карамиан, 23. годишниот пикер од Иран е новото засилување за Пелистер. 

Битолчани денеска ја официјализираа оваа информација. Карамиан е играч што ги минал сите репрезентативни школи на Иран. Бил и во кадетска и јуниорска и во сениорската репрезентација. Висок е 199 см и теѓок 110 кг.

Со каков квалитет, располага, сепак, ќе треба да почекаме па да видиме. Тој нема да биде првиот Иранец што дошол во Македонија. Пред две сезони Металург го доведе Амин Јусефинеџад, но брзо се откажа од неговите услоги, затоа што поради бројните проблеми со добивање на виза не можеше да го користи многу за натпреварите во СЕХА и ЛШ. 

Кај Пелистер приказната е поинаква. Тие немаат многу меѓуародни натпревари и визите нема да бидат проблем. Сега се очекува Пелистер да официјализира и за египетскиот играч, Раду, најавен одамна. Нивниот тим почнува да добива контури и нема да биде лесно да се игра против нив следната сезона. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk