Медитеранска опомена

Македонските репрезентативци по вчерашниот пораз од Турција, денеска запишаа пораз и од Египет. Четвртфинале веќе не е во игра.

Македонија вчера загуби од Турција со 26:29, денеска 29:34 од Египет. Последниот меч им се со Србија. 

Ова не се резултати што опоменуваат за квалитетот на македонскиот тим. Ова се резултати што опоменуваат за односот кон дресот и сериозноста за тие што настапуваат заедно со тие што ги водат од клупата и на кои им е дадена довербата од РФМ да ја водат македонската репрезентација.
Вклучително со ангажманот на селекторот и неговиот помошник, сега во улога на селектор, на овие Медитерански Игри.
Затоа што Македонија на овој турнир испрати силен состав. Состав според наше мислење доволно силен да не загуби на овие два натпревари.

За споредба ќе кажеме дека Хрватска го испрати и контроверзниот Лино Червар во Тарагона да им ја подготвува репрезентација, дека таму на пример Халил Јагањац од Металург игра со сите сили, а нивниот тим ги преслуша Италија и Алжир и се пласираше за нокаут фазата без напори.
Инаку и Тони Херона го води Тунис, Љубомир Обрадовиќ ја води Србија, Пер Јохансон ги води Црогорките, Драган Ѓукиќ машкиот тим на Црна Гора, а другите што не се со селекторите, како Дејвис на пример со Египет. се ангажирани со јуниорските репрезентации. 

Подвлечено, Македонија има далеку подобар состав отколку резултатите, а најмногу што ни недостасува е цел и поента. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk