Македонија утре во ждрепка за СП

Утре во Копенхаген, со почеток од 12:30 часот, ќе се одржи ждрепката за групите на Светското првенство во машка сениорска конкуренција што ќе се одржи во Германија и Данска во јануари 2019 година. 

Македонија е учесник на првенството, откако во бараж натпревартеи излезе како вкупен победник од дуелите со Романија. Со оглед на тоа дека ждрепката ќе биде полудиригирана, Македонија нема да може да игра во Берлин каде што ќе биде Германија. 
 
  • Македонија ќе биде во третиот шешир заедно со Катар, Германија и Австрија. 
  • Германија ќе игра во групата „А“ во Берлин и не може да биде противник на Македонија. Ниту, пак, Македонија ќе може да игра во Берлин во прелиминарната фаза. 
  • Кореја доби покана да настапи како обединета репрезентација. Тие се сместени во Берлин и ќе играат на отворењето против Германија. 
  • Во групата „Б“ што ќе се игра во Минхен, ќе игра репрезентацијата на Хрватска. 
  • Во групата „Ц“ што ќе се игра во Хернинг е сместена селекцијата на Данска. 
  • Во групата „Д“ што ќе се игра во Копенхаген е сместена репрезентацијата на Шведска. 
  • Ќе се формираат четири групи со по шест репрезентации. Првите три од секоја група продолжуваат во главната фаза. И таа ќе се игра по групи. Тие што ќе се пласираат од 4 до 6 место ќе играат Президент Куп. 
  • Екипите што ќе пројдат од групите „А“ и „Б“ во главната рунда ќе играат во Келн. Екипите од групите „Ц“ и „Д“ ќе играат во Хернинг. 
  • Полуфиналето ќе се игра во Хамбург. Финалето во Хернинг. Президент Куп ќе се игра во Келн и Копенхаген. 
  • Од технички, а не од играчки причини, Хернинг би било најлошото сценарио за македонските фанови. 
  • Бразил и Аргентина се сигурни учесници, но вечерва во финалето ќе одлучат која од нив ќе биде Пан Америка 1, а која Пан Америка 2. 
  • Чиле и Гренланд ќе се борат за последното место на СП. Вечерва во Нук, Гренланд се игра тој натпревар. 







Градови во кои ќе се игра СП Германија и Данска
 
КОПЕНХАГЕН ХЕРНИНГ БЕРЛИН
Royal Arena Jyske Bank Boxen Mercedes-Benz Arena
Капацитет: 13,700 Капацитет: 15,000 Капацитет: 14,800
RoyalArena 20170811 N8B0024 (36517811566).jpg Jyske Bank Boxen.jpg Mercedes-Benz Arena Berlin August 2015.JPG
2019 World Men's Handball Championship is located in Denmark
Herning
Хернинг
Copenhagen
Копенхаген
2019 World Men's Handball Championship is located in Germany
Hamburg
Хамбург
Berlin
Берлин
Munich
Минхен
Cologne
Келн
Келн Минхен Хамбург
Lanxess Arena Olympiahalle Barclaycard Arena
Капацитет: 19,250 Капацитет: 12,000 Капацитет: 13,300
Koelnarena inside.jpg Olympiahalle, München 2012.jpg HH-Freezers Straubing-Tigers 4.JPG

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk