Ваел Жалуз потпиша за Берлин

Екипата на Фуксе Берлин доведе капитално засилување во своите редови како замена за повредниот Стипе Мандалиниќ.

Ваел Жалуз е новиот играч на Берлин. Барселона долго време бараше купец за Тунижанецот со кого има(ше) уште три години договор. Но, на Барселона и се врати рековалесцентот Андерсон, а ги купу и Тјагуш Петруш и Жилберто Дуарте, па Ваел Жалуз кој мораме да кажеме дека е во надолна линија долго време, стана вишок. 

Се менуваа имиња во шпекулациите каде би отишол, слушнавме за Брест, Бенфика... Но, точниот одговор на прашањето е Фуксе Берлин. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk