Кадетската репрезентација на Македонија како последна заврши на турнирот Трофеј Карпати што се одржа во Клуж.
По поразите од Романија и Италија, утрово кадетите загубија и од Холандија. Одново, убедливо, 24:34 е конечниот резултат, по што Македонија го заврши настапот.
„Големиот број на ситни повреди не попречија да ги покажеме нашите реални квалитети и можности. Им благодарам на сите играчи што и покрај повредите стискаа забаи и играа. Покажаа карактер што мора да се цени.
Овој турнир го замислував како тест пред Европското првенство и немав многу можности за корекции меѓу натпреварите. Малку сум и лут на одредени играчи кои дојдоа со зголемена килажа и послаба физичка подготвеност. Тоа е разбирливо за крајот на сезоната, но не е и за играч што има статус репрезентативец и знае дека го очекуваат натпревари на ЕП“, изјави селекторот Данило Брестовац.
„Заедничките подготовки продолжуваат на 4 јули, но нема да бидат прекинати. Секој играч ќе добие план за работа, изработен врз база на тестовите што беа направени во Скопје“вели селекторот на кадетската репрезентација.