Крај на ерата на Бебешко во Брест

Ерата на Сергеј Бебешко во белорускиот Мешков Брест се ближи кон крајот. Можеби веќе се и одбројани деновите.

Долго време се шпекулира дека Хавиер Сабате или Маноло Каденас ќе го заменат Бебешко кој на клупата на белорускиот првак е од 2015 година. Претходно беше тренер на Мотор Запорожје (2013-15), претходно (2009-2013) тренер на Динамо Минск. Бебешко останува во игра за тренер, но Мешков веќе преговарал со три други кандидати. 

Шпекулациите ги потврди Александар Мешков. 

„Не би рекол дека промена на тренерот е вистинскиот израз. Промена на тренерската политика, на тренерски тим. Нам не ни треба командант на тврдина под опсада, нам ни треба генерал што ќе ја води легијата во освојување на Келн“, изјави Александар Мешков во интервју за ракометниот „Брз центар“. 

Маноло Каденас, Хавиер Сабате и еден неименуван тренер од Балканот се фаворитите за клупата на Мешков Брест. Покрај Бебешко, секако. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk