Радовиш се засили со црногорски пивот

Откако ги обезбеди потписите на Ивица Илиев и Божидар Симиќ, екипата на Радовиш се пофали и со првото странско засилување за следната сезона. 

Лука Бујиќ, јуниорски репрезентативец на Црна Гора е новото име во составот на радовишани. Тој доаѓа од екипата на Морнар, претходно има играно и за Улцињ. 

Лука Бујиќ е играч што ќе ја покрие позиција пивот и радовиш е блиску да го комплетира играчкиот кадар се следната сезона. Претходно договорите ги продолжија и Трајанов, Ристов и Јованов. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk