Италијанците добро ги подбраа нашите кадети

МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА   25:34 (13:18)

Машката кадетска репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Италија во второто коло на Трофеј Карпати. 
Изненадувачки и разочарувачки, подобри од македонските кадети беа Италијанците. Дури девет гола разлика е победата во корист на Италијанците (34:25), а во текот на мечот противникот имал и двоцифрена предност. 

Не бараме алиби, но во одбрана на македонскиот тим ќе кажеме дека тројца наши играчи играат повредени и не можат да пружат максимум. 

Што се однесува до тимот на Италија, иако ракометно последните години се аутсајдери, колку за информација ќе кажеме дека овој нивни тим е предводен од двајца ракометари на актуелниот европски шампион Монпеље. 

Минатата година Монпеље во својот центар на формација ги доведе браќата Марко и Симоне Мењон. Имаат по 18 години, немаа минутажа во ЛШ, но се пријавени во тимот и цела сезона се „делкаат“ според желбите на Патрис Канаје. Тие се главните играчи на оваа репрезентација на Италија. 

Македонија утре ќе игра со Холандија која вчера им извлече реми на Италијанците, па да бидеме искрени, не очекуваме многу од македонскиот тим и на овој натпревар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk