Медитеранките ја преслушаа Турција

МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА 31:26 (15:11)
СРБИЈА - ЦРНА ГОРА     22:36 (6:16)
ЕГИПЕТ беше слободен

Женската Медитеранска репрезентација на Македонија ја извојува првата победа на игрите во Тарагона. Македонскиот состав ја совлада Турција (31:26) на натпревар на кој избраничките на Симе Симовски ја имаа резултатската контрола во текот на целиот меч. 

На почетокот, по седум минути игра, Македонија водеше со 6:2 и разликата од четири гола ја одржуваше во текот на целиот натпревар. На полувреме беше 15:11, потоа кон средината на вториот дел Македонија поведе со 22:16 и веќе немаше неизвесности околу победникот на натпреварот. 

Утре женскиот тим е слободен, а во понеделник ќе игра против селекцијата на Србија. 

Машкиот тим од 16:30 часот денеска ќе игра против Турција, а утре во исто време против Египет. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk