Северна Кореја ќе игра на СП Германија и Данска

Светската Ракометна Федерација (ИХФ) по предлог на ИОК, упати покана до Северна и Јужна Кореа, по примерот на заедничкиот настап на ЗОИ Пјонгчанг, под заеднички знаме да настапат и на Светското првенство Германија и Данска, предвидено да се одржи во јануари 2019.

Со оглед на тоа дека Јужна Кореја веќе има обезбедено настап, Северна Кореја едноставно ќе им се приклучи на „јужњаците“. 

ИХФ и додели специјално место на Кореја. Тие ќе бидат сместени во групата „А“ во Берлин, заедно со домаќинот Германија. Тоа значи дека Кореја во прелиминарниот дел нема да може да биде противник на Македонија која е во ист шешир со Германија.

Кореја, пак, како репрезентација од шестиот шешир им се приклучува на Шведска, Данска, Германија и Хрватска за кои однапред се знае во кој град ќе играат. 

И не само тоа, туку и премиерниот натпревар во Берлин ќе биде меѓу Германија и Република Кореја. 

Воедно стигна и потврда за изгледот на шеширите. Единствената дилема што ја имавме, дали Пан Америка 2 и 3 ќе бидат во иста група е отстранета, двете ќе бидат во петтиот шешир. 

Рангирање пред ждрепката за СП: 
1. Шпанија, Шведска (Д група, Копенхаген), Франција, Данска (Ц група, Хернинг)
2. Норвешка,  Хрватска (Б група, Минхен), Унгарија, Русија,
3. Германија (А група Берлин), Австрија, МАКЕДОНИЈА, Катар
4. Србија, Исланд, Тунис, Пан Америка 1
5. Пан Америка 2, Пан Америка 3, Египет, Бахреин
6. С. Арабија, Кореја (A група, Берлин), Ангола и Јапонија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk