Стартуваме против Турција и Јелиз Озел

Доколку не се постигне договор квалификациите да се играат во еден град во рамки на еден викенд, тогаш квалификациите за СП Јапонија ќе ги почнеме со гостување во Турција. 

Турската репрезентација е од првиот шешир и со неа ги почнуваме квалификациите. Верувале или не, за нив се уште игра Јелиз Озел (38)... односно играше до март, сега наводно веќе нема да игра. Но, прво да видиме дали нема да игра, па потоа да коментираме. 

Како и да е, не е Јелиз Озел таа од која треба да се стравува, со цела почит кон нејзиниот вонсериски квалитет, туку Асли Искит. Таа е лев бек што лани играше за шведскиот Кристијансанд, годинава наводно се враќа во Турција, во екипата на Кастамону. 

Исланд го победивме во последните квалификации, Азербејџан за среќа не ги користи натурализираните играчи од Русија и Украина како Артамонова, Бурова и уште четири пет други меѓу кои на пример е и екс вардарката Оксана Орехова. 
 
                                                    QUALIFICATION EUROPE PHASE1 / GROUP 4
Turkey vs Macedonia :   ( : )
Macedonia vs Azerbaijan :   ( : )
Iceland vs Macedonia :   ( : )
Macedonia vs Iceland :   ( : )
Macedonia vs Turkey :   ( : )
Azerbaijan vs Macedonia :   ( : )
             
  click on the lines & headers for more information

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk