Капитенот на Мешков прејде во СКА Минск

Не минаа ни десет дена откако дозна дека договорот со Мешков Брест нема да му биде продолжен, а капитенот на сехалигашот, Димитри Никуленков веќе најде нов клуб. И тоа не кој било, туку најголемиот домашен ривал на Мешков, екипата на СКА Минск. 

„Има понуди од Германија, Романија, од Спартак Москва, но сакав да останам во Белорусија поради децата и сопругата и затоа одбрав да играм за СКА Минск“, одговори на прашањето на белоруските новинари, довчерашниот капитен на Мешков Брест. Тој во сехалигашот мина 4 сезони и беше еден од најдобрите играчи, па затоа Белорусите не можеа да се изначудат кога беше објавено дека заминува. 

СКА Минск и покрај овој потпис е во „минус“ од ланската сезона затоа што од екипата си заминуваат Владислав Кулеш и Александар Подшивалов. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk