Дувњак му откажа на Червар

Лино Червар остана без услугите на најдобриот хрватски ракометар Домагој Дувњак за претстојните натпревари со Црна Гора од квалификациите за СП. 

Беше предвидено тој да биде лидерот на тимот, но Дувњак ќе ја заобиколи оваа акција поради проблем со повреда. Тој имаше исклучително тешка сезона испресецкана со постојани повреди и сега дојде времето да се рехабилитира. 

Не дека Лука Циндриќ и Игор Карачиќ нема да ја завршат работата, но Червар како алтернатива го повика Иван Слишковиќ кој претходно беше прецртан од списокот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk