Голема чистка во Мешков Брест

Мешков Брест сезонава ја одбрани шампионската титула во домашното првенство, беше сосема солиден во СЕХА Гаспром лигата, но не освои пехар ниту во СЕХА, а уште помалку во Лигата на шампионите. 
На составот му требаше освежување, но Сергеј Бебешко се реши за ремонт каков што во Европа (во клубовите од ЛШ) сезонава има само уште во Кадетен Шафхаузен и во Вардар. Со тоа што, рековме, Белорусите менуваат од тактички, не од финансиски причини. 

Заминуваат седум ракометари сите до еден познати играчи. 

За Растко Стојковиќ, српскиот пикер се знаеше одамна дека ќе си оди и дека кариерата полека ќе ја привршува во Лиги што не бараат многу. Макаби Ришон треба да е неговиот следен клуб. 

Константин Игропуло исто така не е изиенадување. Русинот дури денеска ќе го оперира коленото и ќе паузира неколку месеци. Го раскинаа неодамна спогодбено договорот. 

Заминува Димитри Никуленков и тоа е изненадување, нивниот капитен и главен бек, од домашно производство. Си оди и поранешниот голман на Металург, Црногорецот Раде Мијатовиќ. Заминува и поранешниот Вардарец - Рајко Продановиќ, си одат и Хрватот Љубо Вукиќ , а по пет години минати во клубот со оди и леворакиот бек Олег Астрашапкин. 
Игор Раповец, асистентот на Бебешко исто така си оди од Брест. 

Засега е потврдено доаѓањето на Дарко Ѓукиќ од Келце, уште еден поранешен играч на Металург. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk