Првиот избор на Парондо е за кренати веѓи

Се ближат Медитеранските Игри, силно, но неформално натпреварување кое верувале или не, со заинтересираност се следи посебно од скаутите на запад, затоа што вообичаено на ваквите игри се појавуваат таленти кои се во сенка и не можат да дојдат до израз во официјалните селекции, посебно првите тимови. 

Македонија ќе учествува на Медитеранските Игри. Ќе ја води Гарсија Парондо, додека Раул во Тарагона ќе има неформална улога. Денеска го добивме и списокот на Парондо. Очекувавме, неминовно е за вакви турнири составите да бидат различни од тоа што сме навикнале. Би додале и контроверзни, иако секогаш зад изборот стои некоја стратегија или тактика од која резултати би требало да видиме во иднина. 



Но, ова не значи дека прашања нема да бидат поставени и дека Парондо и неговиот тим не треба да и објаснат на јавноста кого и зошто одбрале или не одбрале. Од почит кон сите ракометари, воопшто нема да навлегуваме во делот зошто е некој повикан. Но, има прашања на кои мора да има одговор. 

Прашањето што најмногу боде очи. Македонија во моментов како талент број 1 во кадетско-јуниорска конкуренција го има бекот на Металург, Марио Танкоски, ракометар што собираше искуство во ЛШ. Тој се рехабилитираше од повреда, почна да игра, но го нема на овој список. Има и ред други од неговата генерација, но го одбравме како пример. 
Со оглед на тоа дека се работи за комбиниран состав во кој има и стари и млади, очекувавме да го видиме и стартерот од мундијалската Франција, Стефан Дрогришки. Посебно затоа што во имаше одличен финиш на сезоната. Впрочем, тоа од Металург најдобро можат да потврдат.

Без проблем би можеле да наброиме уште играчи и да правиме споредби, но ќе се задоволиме ако добиеме одговор и за овие двајца ракометари. 

Очекуваме наскоро да го видиме и скратениот список, за да можеме да поставиме и легитимни прашања околу концептот и идејата на овој избор. 

П.С. Отсуството на Филип Талески го разбираме, затоа што неговиот клуб Рајн Некар Ловен има многу строга политика кога се работи за настапите на ракометарите што се на нивниот платен список. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk