Младен Ракчевиќ би можел да се врати во Металург. Комбинацијата што кратко време остана во категоријата „тајна“ денеска си го најде своето место во медиумскиот простор.
Комбинацијата е реална и лесно остварлива, затоа што времето ги избришта лошите, ги остави само убавите спомени и во овој момент Металург и Младен Ракчевиќ одново се некако создадени еден за друг.
„Металург е моја најголема љубов. Јас би сакал да се вратам назад, за Македонија и Скопје можам да зборувам само во суперлативи. Сме разговарале, начелно, но немаме ништо дефинитивно договорено. Ќе видиме деновиве како ќе биде“, вели црногорскиот пивот кој по заминувањето од Металург, еден краток период играше во Грција, а потоа се пресели во Констанца од Романија, каде што играше се досега.
Металург вчера се раздели со Жарко Пешевски, а играчите што ги спремаше за негови замени, Арсеновски и Лазаревски се уште не се созреани за да можат само да се носат со предизвиците што ќе го носи Лигата на шампионите и СЕХА Гаспром следната сезона.
Покрај Младен Ракчевиќ , во комбинација беа и двајца пикери од Хрватска, но, како што рековме, во овој момент, Металург и Ракчевиќ некако одново се создадени еден за друг.